И вториот тест на Ангела Меркел негативен, но ќе има и трет тест
Германската канцеларка влезе во самоизолација во текот на минатата недела, поради претходен контакт со лекар, кој подоцна се тестирал и тестот бил позитивен.
Резултатите од вториот тест за коронавирус на германска канцеларка Ангела Меркел исто така се вратија негативни, изјави нејзиниот портпарол.
Штефен Сајберт за германската новинска агенција ДПА изјави дека Меркел ќе продолжи да работи од дома и ќе се подложи на уште еден тест на почетокот на следната недела.
Германската канцеларка влезе во самоизолација во текот на минатата недела, поради претходен контакт со лекар, кој подоцна се тестирал и тестот бил позитивен.
Во понеделникот, Меркел учествуваше на нејзината седмична средба на кабинетот по телефон.