Министерката за правда Рената Дескоска најави дека до Владата ќе предложи уредба со законска сила со која ќе се укине годишното финансирање на политичките партии. Како што напиша таа на Фејсбук, се надева оти политичките партии ќе ја поддржат предложената уредба.
„Како министер за правда во чија надлежност е Законот за финансирање политичките партии ќе предложам уредба со законска сила со која ќе се укине годишното финансирање на политичките партии кое треба да се исплати оваа година. Се надевам дека сите политички партии ќе ја поддржат предложената уредба“, напиша Дескоска на својот Фејсбук профил.