Жена од Бихаќ прв смртен случај од Ковид-19 во БиХ

806

Во Босна и Херцеговина денеска беше потврден првиот смртен случај од новиот коронавирус. Станува збор за жена од Бихаќ.

Директорот на кантоналната болница „Д-р Ирфан Љубијанкиќ“ Хајрудин Хавиќ потврди за порталот „Кликс“ дека станува збор за повозрасна жена. Таа била донесена во болница пред два дена.

 

Поврзани содржини