Маск се понуди да произведува респиратори
Ќе произведуваме респиратори доколку има недостаток - објави Маск на „Твитер“, одговарајќи на предлогот на следбениците за пренамена на фабриките за оваа намена.
Илон Маск, шефот на технолошката компанија „Тесла“, се понуди да произведува респиратори за оние кои страдаат од коронавирусот, откако САД повикаа на донации на вакви уреди поради недостаток.
Светската здравствена организација (СЗО) во средата објави дека разговарала со Кина и другите земји за посилно снабдување со здравствена опрема, а компаниите „Џенерал моторс“ и „Форд“ откриле дека биле во преговори со претставници на Белата куќа.
– Ќе произведуваме респиратори доколку има недостаток – објави Маск на „Твитер“, одговарајќи на предлогот на следбениците за пренамена на фабриките за оваа намена.
– Ако поради некоја причина не верувате дека станува збор за недостиг, според сите проценки наскоро ќе има. Те молам помогни – му рекол еден следбеник.
Владата на американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ги повика градежните компании да донираат маски за болниците и здравствените работници кои се во првите редови во борбата против вирусот, исто така, заради недостигот од целата држава.
Во средата, „Тесла“ се согласи да го намали бројот на активни работници во својата фабрика во Калифорнија за да спречи ширењето на вирусот. Фабриката во Фремонт работат 10.000 работници.
Маск не е првиот корпоративен шеф што му нуди помош на Трамп преку „Твитер“. Основачот на „СофтБанк“, Масајоши Сон, овој месец понуди милион бесплатни тестови за коронавирусот.
Еден ден подоцна, по критиката дека претставува ризик од преплавување на болниците со заразени лица, тој понуди да донира еден милион бесплатни маски.