Во Италија и 10.000 студенти по медицина ги лекуваат болните од коронавирусот
За да им ја олеснат работата на лекарите, студентите ќе бидат испратени во амбулантите за семејна медицина и во старечки домови, а постарите и поискусни колеги во болниците кои се пренатрупани со пациенти.
Италија одлучи да го забрза процесот на вработување на студентите по медицина, така што ќе им ги укине последните испити и со тоа да им помогне на здравствените служби кои се обидуваат да излезат на крај со коронавирусот, пренесува Дневни аваз.
На тој начин, во здравствениот систем ќе се уфрлат 10.000 студенти од завршната година на студиите по медицна кои се уште не дипломирале или не положиле стручен испит. За да им ја олеснат работата на лекарите, студентите ќе бидат испратени во амбулантите за семејна медицина и во старечки домови, а постарите и поискусни колеги во болниците кои се пренатрупани со пациенти.
Студентите ќе почнат да работат девет месеци пред предвидениот рок, и годинава нема да мораат да го полагаат задолжителниот завршен испит.