Унковски и семејството Стефановски дадоа дозвола за репризирање на „Бушава азбука“ додека децата не одат во училиште

807

Режисерот Слободан Унковски синоќа преку порака на Фејсбук го извести министерот Венко Филипче дека тој и семејството на Горан Стефановски ѝ дале дозвола на МРТ бесплатно да ја емитува серијата „Бушава азбука“ со цел да им се пополни времето на децата кои седат дома поради коронавирусот.






– Драг Венко,
овде Слободан Унковски. Со семејството на Горан Стефановски, денес и дадовме дозвола на МТВ да ја репризира бесплатно БУШАВАТА АЗБУКА, едукативна серија за деца во 31 епизода…Малку да помогнеме во пополнување на времето кога не се оди во школо. Ќе почне да игра од утре, прекуутре, два пати дневно. Срдечен поздрав и почит, Унко, напиша Унковски.

Поврзани содржини