Д-р Сузана Николовска е новата в.д. директорка на Кожната клиника

739

Д-р Сузана Николовска е назначена за нова в.д. директорка на Клиника за дерматовенерологија, а доаѓа на местото на разрешената директорка Нина Цаца Биљановска.

Д-р Цаца Биљановска, која е заболена од коронавирус и е една од деветмината заразени на Инфективната клиника, откако пред 10-ина дена се вратила од Италија. Таа не останала во самоизолација, туку одела пет дена на работа, а во саботата била и на симпозиум во Скопје.
Околу 200 лица кои биле во (ин)директен контакт со неа, а најмногу се нејзини колеги, од понеделникот се во задолжителна самоизолација.
До денеска само една 16-годишна девојка која била во контакт со неа пројавила симптоми, но тестот потврдил дека е негативна.
Поврзани содржини