Вчера околу 12.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Жеровјане патничко возило „венто“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.Ф.(92) од с. Жеровјане, удрило во пешаците И.С.(65) и О.С.(69) од с. Жеровјане и М.З.(66) од с. Теново, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ј.Ф. и пешакот О.С., додека И.С. и М.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово“, се вели во соопштението.