9 УГОСТИТЕЛИ ЈА ИЗГУБИЈА ЛИЦЕНЦАТА Осум објекти добија рок да ги исполнат минималните услови за работа

Контролите од ДПИ покажале дека може да се отстранат неправилностите и даден им е рок за отстранување, рече министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на прес-конференција.

184

Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца во делот на угостителството, кај 17 се утврдени неправилности.

Од нив, на девет им се одземени лиценците, а кај осум се утврдени неправилности за исполнување на минималните технички услови кои треба да ги отстранат во одреден рок.






Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска на прес-конференција посочи дека овој рок им е даден затоа што инспекторите од Пазарниот инспекторат утврдиле дека се работи за технички услови кои може да бидат отстранети, а доколку тоа не го сторат тоа, лиценците ќе им бидат одземени.

– Контролите од ДПИ покажале дека може да се отстранат неправилностите и даден им е рок за отстранување – рече Дурмиши.

Во однос на Законот за угостителска дејност, Дурмиши информираше дека работна група веќе работи на измени на Законот и дека во опција се две можности – контролите да ги прави Пазарниот инспекторат или Комисија која ќе биде формирана од надлежни институции.

Со измените направени во 2008 година, се дозволи сопствениците на угостителски објекти под морална одговорност да потврдат дека ги исполнуваат мининалните технички услови за работа и тие податоци да ги доставуваат до Пазарниот инспекторат.

Измените на Законот беа иницирани по големата трагедија која се случи во Кочани по што се утврди дека дискотеката работела без да ги исполни минималните технички услови.

Поврзани содржини