9 починати, 137 новозаразени, се ближиме до вкупно 10.000 ковид дијагностицирани

Досега во земјата се направени вкупно 94.092 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот

1,010

Во последните 24 часа се направени 1.542 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19, починати се 9 лица и регистрирани се 103 оздравени пациенти, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Од 137-те новозаразени во Скопје се 60, Куманово 13, Дебар 5, Штип 16, Прилеп 3, Тетово 7, Струга 1, Велес 3, Битола 5, Охрид 1, Гостивар 11, Кочани 1, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Виница 1, Свети Николе 3, Кичево 5.






Од починатите 9 лица, тројца се пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Штип и Струга и двајца од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти и тоа од Скопје 53, Дебар 3, Штип 1, Прилеп 6, Тетово 7, Велес 5, Битола 2, Кавадарци 1, Гостивар 11, Струмица 1, Крушево 1,Кичево 3, Ресен 9.

Досега во земјата се направени вкупно 94.092 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.934, бројката на оздравени пациенти е 5357, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117.

Поврзани содржини