9,6 МИЛИОНИ ФУНТИ НАГРАДА ЗА ТИТУЛА НА ЕУРО 2024 Англиските фудбалери добија милионски бонус како стимулација
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, ќе добие бонус од 4 милиони фунти доколку неговите избраници ја освојат титулата на ЕУРО 2024.
Играчите и стручниот штаб на фдубалската репрезентација на Англија ќе добијат бонус од 9,6 милиони фунти доколку ја освојат титулата на Европското фудбалско првенство кое се одржува во Германија. Информацијата денеска ја објави лондонски „Сан“.
Според истиот извор, селекторот на Англија, Герет Саутгејт, наводно ќе добие бонус од 4 милиони фунти доколку неговите избраници ја освојат титулата на ЕУРО 2024.
Англија вечерва го почнува настапот на ЕВРО 2024 против Србија. Избраниците на Саутгејт на 20 јуни ќе играат со Данска, а на 25 јуни со Словенија.