85-ГОДИШНА СКОПЈАНКА СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ ДОНЕСЕНА ВО БОЛНИЦА Ја прегазил автомобил, возачот побегнал
Според пријавеното, околу 12.00 часот на сервисна улица која се поврзува со бул. Крсте Мисирков во Скопје била удрена од патничко возило, по што возачот го напуштил местото.
Вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена А.З.(85) од Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според пријавеното, околу 12.00 часот на сервисна улица која се поврзува со бул. Крсте Мисирков во Скопје била удрена од патничко возило, по што возачот го напуштил местото.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.