ЗАПАЛЕН ОЏАК ОШТЕТИ НЕКОЛКУ СТАНОВИ Битолските пожарникарите спречија поголема штета во зградата

Пожар во оџак во станбена зграда на улицата Кланица во Битола предизвика оштетување на дел од становите, но среќна околност е што нема повредени.

34

Вчера околу 12:20 часот, во станбена зграда на улицата Кланица во Битола избувна пожар во оџак, при што дел од становите беа оштетени.

Среќна околност е што нема повредени лица. Брзата интервенција на екипите од Територијална противпожарна единица Битола спречи пожарот да се прошири низ зградата, и истиот беше целосно изгаснат.






Увидна екипа од СВР Битола ја изврши увидната постапка за да се утврдат причините за пожарот.

Поврзани содржини