81 НОВОЗАБОЛЕН Во 13 града нема заразени со корона
Во текот на изминатите три дена не е пријавено ниту едно починато лице.
Осумдесет и едно лице заболело од ковид-19 во последните три дена, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 1.972 тестови, а регистрираните нови случаи се во: Скопје – 53, Битола и Прилеп по 5, Велес – 3, Куманово, Тетово и Струга по 2, Кавадарци, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Виница, Богданци и Крушево по 1.
Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 20 реинфекции. Регистрирани сe 124 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите три дена не е пријавено ниту едно починато лице.
Досега во земјата се направени дијагностицирани 312.960 заболени, бројот на оздравени пациенти е 303.287, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 351. Во Скопје има 247 активни случаи. Во 13 града во земјава нема заболени.