80 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МАКЕДОНИЈА ОД КУФЕРЧЕТО НА УРСУЛА Парите ќе ни „легнат“ во јануари

Започнуваме со грантови. 80 милиони евра во грантови за Северна Македонија, како итна буџетска поддршка. Тоа ќе помогне во справувањето со високата цена на енергенсите за вашите граѓани и компании. Ова ќе го финализираме до крајот на годината, за вие да ги добиете средствата веќе во јануари, порача Урсула Фон Дер Лајен на вечерашната заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Скопје.

3,050

Подготвивме пакет со поддршка за целиот Западен Балкан за справување со енергетската криза, соопшти на вечерашната прес-конференција претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Започнуваме со грантови. 80 милиони евра во грантови за Северна Македонија, како итна буџетска поддршка. Тоа ќе помогне во справувањето со високата цена на енергенсите за вашите граѓани и компании. Ова ќе го финализираме до крајот на годината, за вие да ги добиете средствата веќе во јануари. Секако, ќе дојдат и повеќе средства. На пример, има 500 милиони евра во грантови за целиот регион за инвестирање во тоа што е неопходно сега за да ја добиеме својата независност. За инвестирање во енергетска поврзаност, за инвестирање во енергетската ефикасност и секако за инвестирање во обновливата енергија – изјави Фон дер Лајен.






Премиерот Димитар Ковачевски, пак, одговарајќи на новинарско прашање, објасни дека помошта од 80 милиони евра ќе ни биде многу значајна во тешките зимски месеци кога би можело да се случи да има потреба да набавуваме електрична енергија.

Фон Дер Лајен одбегна директно да одговори на прашањето дали Европската Унија може во замена на гласање на уставните измени да ѝ гарантира на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека земјава ќе влезе во европското семејство.

– Сигурна сум дека луѓето од Северна Македонија ќе постигнат мнозинство и ќе гласаат позитивно за уставните измени. Ги повикувам сите политичари да им го остварат сонот на младите луѓе коишто сакаат да останат тука и овде да ја градат својата европска иднина. На билатералната средба зборувавме за оваа важна тема за уставните измени. Постигнавте многу, бевте успешни во напредувањето и сигурна сум дека ќе најдете убедливи аргументи за сите да сфатат дека сите се одгворини за придонес кон тоа земјата да се движи напред – рече Фон дер Лајен.

Поврзани содржини