📷 8 СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ Поминаа 23 години од крвавата заседа кај Вејце

371

Делегација на Достоинство утрово положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на осумтемина загинати бранители убиени во крвавата заседа кај с.Вејце.

„23 години подоцна. Да не се повтори, да не се заборави! Игор Костески (26) од Скопје, Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Илче Стојановски (24), Кире Костадиновски (24), Бошко Најдовски (24) и Марјан Божиновски (27), сите од Битола. Вечна ви слава, херои македонски!“, пишува лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.






Поврзани содржини