8 РУДАРИ ЗАГИНАА ВО СРБИЈА Експлозија на метан во рудникот „Соко“
Директорот на Здравствениот дом Алексинац, Родољуб Живадиновиќ, за РТС изјави дека загинале осум рудари, а околу 20 се повредени.
Во раните утрински часови се случи експлозија на метан во рудникот „Соко“ кај Сокобања, јавува Танјуг.
Дел од јамата се урнал во рудникот за кафеав јаглен „Соко“ кај Сокобања, а рударите останале заробени, дознава РТС. Директорот на Здравствениот дом Алексинац, Родољуб Живадиновиќ, за РТС изјави дека загинале осум рудари, а околу 20 се повредени.
Како што јави РТС, повикувајќи се на неофицијални информации, непознат број од рударите останале заробени.