8 лица ја загубија битката со ковид -19, вкупно 225 се новозаболени
Во изминатите 24 часа се направени 1841 тест.
Вкупно 225 нови случаи на ковид-19, 159 оздравени и 8 починати пациенти се регистрирни во изминатите 24 часа во земјава,информира Министерството за здравство.
Оттаму информираат и дека во изминатото деноноќие се направени 1841 тест.
Од новозаболените 120 се од Скопје, 17 од Тетово, 15 од Прилеп, 13 се од Струмица , 10 од Куманово .Следуваат Штип кадешто се регистрирани 8 случаи, Битола-7, Струга и Кочани со по 6 случаи, Охрид-4, Гевгелија, Свети Николе и Берово со по 3 слуачи , Крива Паланка, Кичево и Пробиштип со 2, додека и , Виница,, Делчево и Неготино со по еден регистриран случај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти и тоа од: Скопје-56, Куманово-13, Прилеп-10, Тетово-10, Струга-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-14, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-14, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-2, Делчево-1, Свети Николе-4, Кичево-7, Неготино-1.
Во болнички услови починати се 8 лица, два пациенти од Скопје (75г. и 68г.), три пациенти од Гостивар (82, 68 и 65г.), од Кочани (69г.), од Струга (78г.) и Струмица (64г.).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19096, бројката на оздравени пациенти е 15645, на починати е 768, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
– Скопје 7538, активни 1005
– Куманово 1812, активни 167
– Дебар 287, активни 32
– Штип 1294, активни 69
– Прилеп 737, активни 147
-Тетово 1509, активни 168
-Струга 694, активни 47
– Велес 341, активни 32
– Битола 338, активни 77
– Охрид 442, активни 35
– Кавадарци 252, активни 39
– Гостивар 948, активни 66
– Гевгелија 143, активни 46 (9 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 21 на Богданци и 12 се странски државјани)
– Струмица 316, активни 177
– Крива Паланка 127, активни 35
– Радовиш 102, активни 34
– Крушево 20, активни 1
– Кочани 432, активни 171
– Пробиштип 119, активни 19
– Демир Хисар 62, активни 2
– Македонски Брод 93, активни 3
– Пехчево 46, активни 4
-Берово 130, активни 50
– Валандово 51, активни 36
– Виница 126, активни 37
– Делчево 174, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
– Кратово 26, активни 2
-Свети Николе 376, активни 53
– Кичево 336, активни 26
– Ресен 166, активни 8
– Неготино 59, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1841 теста се преку: ИЈЗ-379, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-266, Биотек-253, МАНУ -210, Жан Митрев (Филип Втори)-278, Систина со PCR метода -196, лабораторија Лаор –78, Судска медицина-18, ЦЈЗ Битола-51, Инфективна клиника-4, ГАК-17, Синлаб-55, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 197.382 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле нема хоспитализирани позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 189, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
– Чаир – 61
– Гази Баба – 114
– Аеродром – 173
– Карпош – 147
– Центар – 171
– Кисела Вода – 116
– Ѓорче Петров – 74
– Бутел – 44
– Шуто Оризари – 17
– Студеничани – 4
– Сарај – 14
– Арачиново – 5
– Илинден – 32
– Сопиште – 3
– Чучер Сандево – 4
– Петровец – 7
– Зелениково – 3
– Странец – 9
– Нераспределен-7