8,3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВА ЗГРАДА Како тоа штеди оваа Влада?
Арсовски открива дека во време на сериозна економска криза, Агенцијата за храна и ветеринарство објавува тендер за изградба на нова зграда од 8.3 милиони евра и отпочнува со изградба уште веднаш, а плаќањето ќе оди тековно согласно сработеното.
Антикризните мерки на оваа Влада се само на хартија. Пред неколку дена велеа дека воведуваат антикризни мерки, Ковачевски се фалеше дека забранил да се купува мебел откако сите министерства купија луксузни софи и фотелји, а денес гледаме дека непродуктивните трошоци се бројат во милиони евра, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој открива дека во време на сериозна економска криза, Агенцијата за храна и ветеринарство објавува тендер за изградба на нова зграда од 8.3 милиони евра и отпочнува со изградба уште веднаш, а плаќањето ќе оди тековно согласно сработеното.
– Замислете, велат антикризни мерки, а во моментов даваат 8.3 милиони евра за изградба на нова административна зграда на Владата. И додека ова можеби и не е луксуз, туку можеби е потребно за вработените и за институцијата, во ваква криза, економска криза сметаме дека не е неопходно сега веднаш да се отпочне да се прави и да се трошат пари на тоа. Дополнително дали цената е реална од 8.3 милиони евра за околу 2.600 квадрати површина или не е реална, и дали соодвествува со она кое што ќе биде изградено тоа е друга приказна и друга тема која што треба дополнително да се разговара. Овие 8.3 милиони евра можеле да во овој момент да се искористат за многу други потребни работи за граѓаните, се со цел да им се помогне да ја пребродат оваа криза – вели Арсовски.