75.000 ЛИТРИ ВОДА ДОНИРАШЕ „КОЖУВЧАНКА“ ЗА СТРУМИЧАНИ Здравјето и потребите на потрошувачите секогаш на прво место

„Кожувчанка“ ДОО направи донација од околу 50.000 литри флаширана „изворска“ вода и околу 25.000 литри газирана вода „кожувчанка“.

55

„Кожувчанка“ ДОО донираше вода за пиење за жителите на Струмица кои веќе десетина дена немаат дотек на питка вода во домовите.

По донесеното решение на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со кое што се забранува употребата на вода од градскиот водовод во Струмица и околните места, поради утврдено зголемено присуство на манган и колиформни бактерии, „Кожувчанка“ ДОО направи донација од околу 50.000 литри флаширана „изворска“ вода и околу 25.000 литри газирана вода „кожувчанка“.






– Чиста и безбедна вода за пиење е основен и неопходен ресурс, кој што го заслужува секој еден, без разлика на неговата локација или социјален статус. Се надеваме дека овој проблем ќе биде навремено решен и жителите на Струмица и околината ќе имаат чиста вода за пиење и користење – изјавија од „Кожувчанка“ ДОО и уште еднаш потврдија дека се пример за општествено одговорна компанија на која здравјето и потребите на потрошувачите секогаш ѝ се на прво место.

Поврзани содржини