73-ГОДИШНА ЖЕНА ГАЃАЛА ДЕЦА СО ДРВА Ги бркала со остар предмет, им ја оштетила топката
Полицијата ѝ поднесе кривична пријава за делото Насилство врз дете.
Жена на возраст од 73 години во Кичево гаѓала деца со дрва и гу бркала со остар предмет, соопшти кичевската полиција.
„ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.А.(73) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Насилство врз дете. На 29.8.2026 година околу 18 часот во куќен двор во Кичево, таа фрлала дрвја кон две деца кои во дворот играле со топка, а потоа со остар предмет ги бркала по дворот и им ја оштетила топката“, соопшти полицијата.