70-ГОДИШНА ЖЕНА ОД ИЗРАЕЛ САКАЛА ДА ГО РАЗНЕСЕ НЕТАНЈАХУ СО БОМБА?! Левичарка уапсена за заговор за терористички напад
Обвинението против 70-годишната жена ќе биде поднесено в четврток и ќе ја товари за заговор за терористички акт.
Жена левичарка од централниот дел на Израел била уапсена од страна на Шин Бет (израелската служба за внатрешна безбедност) под сомнение дека заедно со други лица планирала да го повреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со експлозивна направа, објави израелски Канал 7.
Апсењето се случило пред околу 2 недели. Оттогаш, таа е пуштена на слобода под рестриктивни услови, меѓу кои и забрана за приближување до владини институции и до премиерот.
Обвинението против 70-годишната жена се очекува в четврток и ќе вклучува обвиненија за заговор за извршување кривично дело и за заговор за терористички акт.
Минатата година, за време на антивладина демонстрација на улицата Каплан, еден левичарски демонстрант бил снимен како повикува на атентат врз премиерот Нетанјаху.
Еден десничар, што случајно поминувал, ги прашал демонстрантите:
– А што ако Биби не сака да поднесе оставка? Тој е избран на демократски избори и е премиер, не сака да се повлече.
Еден од демонстрантите му одговорил:
– Ќе се погрижиме да го убијат.
Видеото се прошири на социјалните мрежи, по што следеа повици до полицијата да отвори истрага и да го уапси демонстрантот кој повикал на убиство на Нетанјаху.