7 СТРУЧНИ УЧИЛИШТА И 1 ФАКУЛТЕТ ЌЕ ДОБИЈАТ ГРАНТ ОД 3,4 МИЛИОНИ ЕВРА Германската влада го поттикнува дуалното образование
29 фирми-членки на Стопанската комора, преку Коморскиот инвестициски форум ќе добијат грант од 3,4 милиони евра, да го продолжат дуалниот модел на образование со 7 стручни училишта и 1 факултет, со финансиска поддршка од германското федерално министерство за економска соработка и развој.
Грант од 3, 4 милиони евра ќе добијат 29 фирми-членки на Стопанската комора, преку Коморскиот инвестициски форум со финансиска поддршка од германското федерално министерство за економска соработка и развој. Со парите ќе се поддржи дуалниот модел на образование во 7 стручни училишта и 1 факултет.
Стопанската комора соопшти дека анализите за пазарот на труд кои ги прави аналитичкиот тим на Стопанската комора покажуваат дека 36% од населението се надвор од пазарот на труд, а 80% се долгорочно невработени поради несовпаѓање на вештините.
„Ваквите податоци но и серија други анализи на Комората изминатите 15 години, беа клучни да го поставиме образованието на врвот на приоритетите, што како концепт веќе дава конкретни резултати. По дигитализацијата и дуалното образование како дел од визијата на „Комората на иднината“ одговара на потребите на бизнис-заедницата, со што Комората се позиционира како стратешки партнер, кој со своето знаење и со експертизата ги рефлектира современите трендови и практики на дејствување во брзо и во динамично општество“ , се наведува во соопштението.
Оттаму додаваат дека и преку обаа активност комората стана линк помеѓу образованието и бизнисот.
„По една деценија упорна и макотрпна работа на овие сложени процеси сега доаѓаат резултатите. 211 компании минатата година, оваа 500, влегуваат во системот на дуално образование. Започнуваме темелна реформа и во високото образование која ќе биде свртена кон вештините и потребите на бизнисот и работиме на воведување на пракса во неформално образование, што значи учење во текот на целиот работен процес или доживотно учење. Ваквите чекори ги преточивме и во системски форми на делување во „Комората на иднината“ преку Советите за унапредување на високото образование и за стратешки истражувања и за унапредување на квалитетот на тренингот и на обуките, а го отвораме и процесот на привлекување мали и средни компании кон Комората, со формирањето на Центарот за старт-ап компании, со што го заокруживме процесот на опфаќање на сите компании во Македонија, а не само на големите“, се наведува в осоопштението.
Како што се додава со финансиската поддршка е овозможено повеќе компании да се вклучат во практичната обука и дуалното образование.
– Конкретен влез за тоа што го прави Коморскиот инвестициски форум со поддршка на финансиски средства од германското федерално министерство за економска соработка и развој, а се реализираат преку германската развојна банка (KfW) и регионалниот фонд за предизвици како уникатен инструмент за финансирање, е 3,4 милиони евра грант за инвестирање во машини и опрема во стручните училиштата и компаниите за реализација на практичната обука на 29 фирми – членки на Стопанската комора, што ќе го продолжат дуалниот модел на образование со 7 стручни училишта и 1 факултет, за финансирање на инвестиции во опрема и инфраструктура за воведување на дуалното образование и реализација на практичната обука, со цел поголема вработливост на младите и обезбедување обучени квалификуван кадар подготвен за работните процеси – велат од Комората.
Статистичките податоци за обемот на трговската размена на С Македонија со Германија во континуитет покажуваат дека 18 години СР Германија била прв трговски партнер на нашата земја. Обемот на размена за две децении е зголемен за 700%. Поради ваквите бројки (кои се идентични во обем и процентуален однос и во 2019 година и сега), во колумната укажав дека бројките, но и искуствата од досегашната меѓусебна соработка упатуваат силна порака до нашата Влада дека капацитетите на нашата амбасада во Берлин треба да бидат на исто ниво како обемот на соработка кој го имаме, и економската дипломатија треба да биде еден од клучните приоритети на работата на амбасадата во Берлин!
-Уште пред две ипол години, во јули 2019 година, објавив колумна во домашен месечен економски магазин, со идентичен наслов како денешниот „DANKE DEUTCHLAND“ во која напишав: „Имајќи ги предвид позиционираноста на македонската надворешна политика кон европските интеграции, но и силниот интерес на македонскиот бизнис да стане дел од единствениот пазар, логично се наметнува прашањето – имаме ли ние партнер на кој можеме да се огледаме во овие процеси, кој ќе ни биде поддршка, role-model, но и коректив во постапувањето?“- вели претседателот на комората Брано Азаски.