7 чудни навики на луѓето во Јужна Кореја: Мажите не јадат пилешки крилца, супа со нудли значи секс

508

Јужна Кореја напредува на секое поле, светот сè повеќе слуша корејска музика, ја обожава корејската мода, а и туризмот е на високо ниво.

Но, сепак, таму луѓето имаат некои уникатни навики. Ви претставувале дел од нив:






Мажите не јадат пилешки крилца

Жените во Јужна Кореја не им дозволуваат на мажите да јадат пилешки крилца затоа што постои народно верување дека ќе „одлетаат“ кај друга жена.

Супа со нудли значи секс

Кога Корејците сакаат да повикаат некоја девојка да ја мине ноќта со нив, тие не велат ‘дојди кај мене на кафе, ќе гледаме филм‘, туку велат ‘дојди кај мене на традиционална супа со нудли‘.

Колку чини подарокот?

Кога младите Корејци си купуваат подароци еден на друг, тие секогаш ја коментираат цената на подарокот, а честопати ги оставаат и фискалните сметки во подарокот.

Старите пред младите

Во Јужна Кореја постои строга хиерархија и не е вообичаено да станете од бирото и да си отидете дома кога работниот ден ви е завршен ако сè уште има некој постар од вас во канцеларијата, па дури и ако таа личност не ви е претпоставен.

„Црн ден“ за сите самци

Младите во Јужна Кореја на 14 април слават „Црн ден“, како спротивност од Денот на вљубените, па сите слободни момци и девојки носат црна облека, јадат црна храна и прават шеги на сметка на нивниот љубовен живот.

Заработуваат со пешачење

Постои апликација која ви плаќа ако направите одреден број чекори, а целта на апликацијата е да ги мотивира луѓето да се движат повеќе и да ги спречат хроничните болести.

Тоалетна за ручек

Луѓето во Јужна Кореја не ја користат тоалетната хартија само во тоалетот, туку и за време на ручекот. Тоалетната хартија се користи и како салфетка.

Поврзани содржини