650 граѓани се лекуваат во болница од ковид-19, најголем дел се на кислородна поддршка

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти.

246
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 650 и има околу 621 празен болнички кревет во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 287 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 3 во текот на вчерашниот ден. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 14 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, на Институтот за ТБЦ се примени 12, на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти, на Клиниката за очни болести 3 пациенти, а на ОРЛ 11 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 21 пациент.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 376 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти, во Штип 28, Тетово 20, Велес 31, Куманово 56, Охрид 45, Прилеп 43, Гостивар 16, Струга 13, Струмица 25 пациенти, Кочани 9, Кичево 12, Кавадарци 23, Гевгелија 6, Дебар 11.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Поврзани содржини