📽 632 ЛИЦА ЗАГИНАА ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО МАРОКО Најпогоден е градот Маракеш
Националниот центар за научни и технички истражувања со седиште во Рабат соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала и дека неговиот епицентар бил во провинцијата Ал Хоуз, југозападно од Маракеш, популарна дестинација за странските туристи.
Најмалку 632 лица загинаа во големиот земјотрес што претходната ноќ го погоди Мароко и предизвика материјална штета и паника во Маракеш и уште неколку градови, соопштија утринава локалните власти, информирајќи за првиот биланс од катастрофата.
Националниот центар за научни и технички истражувања со седиште во Рабат соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала и дека неговиот епицентар бил во провинцијата Ал Хоуз, југозападно од Маракеш, популарна дестинација за странските туристи.
„Според привремениот извештај, 632 лица загинаа во земјотресот во провинциите и општините Ал-Хауз, Маракеш, Уарзазате, Азилал, Чичау и Тарудан. Повеќе од 329 лица се повредени и префрлени во болници “, се вели во соопштението на властите.
Локалните медиуми објавија дека тоа е најсилниот земјотрес што го погодил Мароко досега.
Освен во Маракеш, тресењето на земјата се почувствувало и во Рабат, Казабланка, Агадир и Есауира, предизвикувајќи паника кај населението. Многу луѓе излегоа на улиците на тие градови во страв од уривање на нивните домови, според сликите објавени на социјалните мрежи.
#Morocco : A strong earthquake of 6.8 magnitude struck central Morocco, killing atleast 296 people.
The epicentre was in the High Atlas Mountains, 71km (44 miles) south-west of Marrakesh, at a depth of 18.5km at 23.11 local time.
Many buildings collapsed, many feared trapped… pic.twitter.com/f1j6P851Ht
— Saba Khan (@ItsKhan_Saba) September 9, 2023
Регионалниот центар за трансфузија на крв во Маракеш денеска ги повика жителите да даруваат крв за повредените.
Индискиот премиер Нарендра Моди, кој викендов е домаќин на самитот на Г20 во Њу Делхи, упати сочувство до роднините на жртвите од земјотресот. Порака со сочувство испрати и германскиот канцелар Олаф Шолц.
Во февруари 2004 година, земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја потресе провинцијата Ал Хосеима, 400 километри североисточно од Рабат, при што загинаа 628 луѓе и предизвика огромна материјална штета.
Претходно, на 29 февруари 1960 година, земјотрес го уништи Агадир, на западниот брег на земјата, и остави повеќе од 12.000 мртви, или една третина од населението на градот.
Horrific moment of collapse caught on security camera💔 #Morocco #earthquake #moroccoearthquake #deprem #زلزال #زلزال_المغرب #fas #fas_depremi #morocco #maroc #earthquake pic.twitter.com/cpS0FtBs6L
— Muhammad Arif Khan (@M_Arif61) September 9, 2023