600 НОВИ ПАРКИНГ МЕСТА ВО КАРПОШ ПРЕДВИДУВА ЛУКРОВСКИ Тротоарите ќе им се вратат на пешаците

83

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, предвидува изградба на монтажни катни гаражи опремени со соларни панели, со вкупен капацитет од 600 нови паркинг-места.

– Овие гаражи нема да бидат уште едно бетонско блок решение, туку модерни, функционални конструкции кои ќе произведуваат чиста енергија и истовремено ќе ослободат вреден јавен простор што денес е окупиран од хаотично паркирање. Ќе бидат распоредени рамномерно низ општината, така што ниеден дел од Карпош нема да остане запоставен – рече тој.






Лукровски најави дека во Карпош 2 и 4 ќе се создадат по 120 нови паркинг позиции, кај Млечен – 90, во Карпош 3 – 110, во Влае -70, и уште повеќе од 100 нови места во Козле, во близина на основното училиште „Владо Тасевски“, каде што родителите секојдневно се соочуваат со вистински сообраќаен хаос при носење и земање на децата од настава.

– Воведувањето на 600 нови паркинг-места ќе значи многу повеќе од само нова инфраструктура. Тоа значи враќање на редот на улиците и ослободување на тротоарите за оние на кои им припаѓаат. Пешаците повторно ќе се движат без страв, родителите со колички ќе можат да поминат без да заобиколуваат возила, а децата ќе добијат побезбедни маалски улици – додаде Лукровски.

 

Поврзани содржини