60 ГОДИНИ РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ Во фокусот е безбедноста на децата

Потпишана е декларација за безбедност на децата во сообраќајот при што секое министерство се обврзува да се грижи за зголемување на безбедноста на децата.

183

По повод 60 години од постоењето на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денеска во хотелот „Лимак“ во Скопје се одржува Стручен собир под мотото „Безбедни деца – безбедна иднина“. Во рамките на оваа манифестација ќе се потпише Декларација за поголема безбедност на децата во сообраќајот. Потписници на декларацијата со која секое министерство се обврзува да се грижи за зголемување на безбедноста на децата, се официјалните лица: министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, министерот за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа Горан Милевски. По потпишувањето на декларацијата, воведно излагање ќе има претседателката на РСБСП, м-р Гордана Кожуваровска.

Со свои презентации ќе настапат и гостите од регионот: Милија Радовиќ, АБСРС – Република Српска, Диана Русинова, ЕЗТП – Република Бугарија, Синан Алиспахиќ , ХАК – Република Хрватска и Снежана Ристеска АСУЦ од Македонија.






Презенатцијата на трудовите ќе ги опфаќаат следниве теми: „Децата – најранлива категорија учесници во сообраќајот“, „Безбедно превезување на деца со моторно возило“, „Најчести причини за сообраќајни незгоди во кои има повредени или загинати деца“, „Начини за намалување на бројот на сообраќајни незгоди во кои има повредени или загинати деца“, „Децата-како пешаци во сообраќајот“, „Училишни сообраќајни единици – искуства и придобивки“, „Алтернативен сообраќај – вело сообраќај за деца“.

Поврзани содржини