6 ПОМАЛКУ ПОЗНАТИ ФАКТОРИ Што сѐ може да ја продлабочи депресијата?
Истражувањата покажаа дека физичката активност е многу корисна за пациенти со депресија.
Честопати луѓето со депресија знаат дека им е потребна помош, но според Psychology Today недостигот на свесност за следниве шест значајни фактори може да влијаат на траењето на депресијата и на текот на хроничната или акутната состојба.
Став дека друга личност предизвикува да сте депресивни
Иако зборовите на другите луѓе можат да поттикнат размислување и одредени мисли, она што самите себе си го кажувате за нивните зборови придонесува и дури води до депресивно расположение. Психолозите ова го нарекуваат „когнитивен стил“ и тој начин на размислување и реагирање на зборовите на другите може да ве води до депресија. Вашиот внатрешен разговор е добро место каде може да соберете енергија, наместо да ги поправате зборовите на другите луѓе.
Реалистичен начин на објаснување
Луѓето со депресија тежнеат да ги објаснат работите или песимистично или реалистично. Многу често начинот на кој ги објаснуваат нештата може да ги води до поголема безнадежност, самоизолација и повлекување. Позитивен и оптимистичен стил им помага на луѓето да се чувствуваат посреќни, според многубројни истражувања во областа на позитивната психологија. Песимистичното објаснување на нештата е поврзано со голема депресија, особено кога социјалната поддршка е ниска.
Недостиг на витамин Д
Многу често недостигот на витамин Д може да предизвика депресија и поминува нетретирано. Во неодамнешно истражување за депресијата во Холандија во кое учествувале 1.102 лица со реминисцентна депресија, е откриено дека една третина од нив имале недостиг на витамин Д. Најниско ниво на витамин Д е пронајдено кај лицата кои во моментот страдале од најтешки симптоми на депресија.
Хипотироидизам
Оваа физичка состојба исто така може да предизвика депресија. Повеќе од една третина од лицата кои не реагираат на антидепресиви можно е да страдаат од нарушување на работата на тироидната жлезда.
Немање поддршка од околината
Социјалната поддршка служи како заштита од животниот стрес, може да го измени начинот на кој гледате на нештата, затоа што ако се изолирате и продолжите со исти мисли, тоа може да води до поголема депресија.
Недостиг на физичка активност
Долготрајно седење пред комјутер и пред телевизор и недостигот на физичка активност може да доведе до недостиг на мозочна стимулација. Доколку состојбата дозволува, најдобро е физичката стимулација да се изведува со вежбање. Истражувањата покажаа дека физичката активност е многу корисна за пациенти со депресија.