59-ГОДИШНА ЖЕНА ДО СМРТ ИЗГОРЕЛА ВО СОПСТВЕНАТА КУЌА Страшна трагедија се случила вчера во Лозово
Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на изгореници. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе, велат од полицијата.
Страшна трагедија се случила вчера во Лозово, откако 59-годишната К.Т.Б. настрадала во пожарот кој ја зафатил нејзината куќа.
Како што информираше штипската полиција пожарот бил пријавен вчера кај нив во 17.06 минути, но за жал тие не успеале навреме да пристигната и да ја спасат жената.
„Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на изгореници. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а увид извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе во присуство на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување“, велат од полицијата.