557 НОВОЗАРАЗЕНИ И 28 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНА Најмладиот починат има 45 години
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 185.450 бројката на оздравени пациенти е 166.099, на починати е 6.367, а бројот на активни случаи изнесува 12.984.
Нови 557 заразени и 28 починати лица од коронавирусот во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците на Институтот за јавно здравје.
„Во последните 24 часа се направени 3.885 тестирање, а регистрирани се 557 нови случаи на ковид-19: Скопје – 268, Куманово – 39, Велес – 29, Кавадарци, Кичево и Струмица – по 19, Тетово и Штип – по 17, Прилеп – 16, Радовиш – 15, Кочани – 12, Битола и Охрид – по 10, Кратово – 8, Свети Николе – 7, Гевгелија, Гостивар и Ресен – по 6, Валандово и Неготино – по 5, Делчево, Крива Паланка и Струга – по 4, Виница и Пробиштип – по 3, Македонски Брод – 2, Дебар Македонска Каменица, Пехчево и Берово – по 1. Регистрирани сe 572 оздравени пациенти од: Скопје – 281, Куманово – 39, Битола – 33, Тетово – 27, Струмица – 24, Кавадарци и Кичево – по 21, Гостивар – 20, Прилеп – 14, Радовиш – 12, Дебар – 11, Штип – 10, Ресен и Крива Паланка – по 9, Пробиштип – 7, Велес и Кочани – по 5, Неготино и Валандово – по 4, Гевгелија, Свети Николе, Делчево и Виница – по 3, Охрид, Богданци, Кратово и Македонска Каменица – по 1. Пријавени се 28 починати лица: 11 починати лица од Скопје (81, 78, 78, 77, 76, 75, 74, 72, 72, 65 и 58), по 3 починати лица од Струмица (85, 78 и 74) и Тетово (77, 69 и 69), по 2 починати лица од Гостивар (78 и 63) и Куманово (68 и 45), по едно починато лице од Битола (74), Кичево (78), Валандово (83), Кавадарци (74), Гевгелија (87), Охрид (59) и Струга (62). Од пријавените 28 лица, 26 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови“, наведено е во соопштението.
Направени се 3.885 тестови преку: ИЈЗ-270, ЦЈЗ Скопје-53, ЦЈЗ Битола-61, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово–60, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија – 16, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-77, Авицена-213, Биотек-240, Систина-114, лабораторија Лаор-170, Синлаб-14, Ремедика-18, Плодност–37, Генеа-15, Никоб лаб-451, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-52, Ројал Медика –15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.696.
Досега во земјата се направени вкупно 1.238.106 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 185.450 бројката на оздравени пациенти е 166.099, на починати е 6.367, а бројот на активни случаи изнесува 12.984.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)