55-ГОДИШЕН МАЖ НАЈДЕН МРТОВ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Скопјанец починал без траги на насилство кај Струга
Телото било забележано околу пладне, лекар од Итна помош ја констатирал смртта без видливи траги на насилство.
55-годишниот И.Д. од Скопје е пронајден мртов во водите на Охридското Езеро, на струшкото крајбрежје, потврди денеска МВР.
Како што информираат од полицијата, случајот бил пријавен на 24 јули 2025 година во 12.15 часот во ОВР Струга, по што биле преземени соодветни мерки.
„Од преземените мерки и извршениот увид било утврдено дека станува збор за И.Д. (55) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта, при што не биле забележани видливи траги на насилство“, соопштија од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта. Истрагата е во тек.