500.000 БАРЕЛИ ДНЕВНО ПОМАЛКУ ОД МАРТ Поради санкциите Русија го намалува производството на нафта

Европската унија, земјите од Г7 и Австралија воведоа ограничување на цената на руската нафта за поморски транспорт од 60 долари за барел.

470

Русија од март  ќе го намали производството на нафта за 500.000 барели дневно или за пет отсто, изјави денеска вицепремиерот на Русија Александар Новак.

– Нема да продаваме нафта на оние кои директно или индиректно учествуваат во ограничувањето на цената на нафтата – рече Новак.






Тој додаде дека Русија затоа доброволно ќе го намали производството на нафта за 500.000 барели дневно, што „ќе помогне да се обноват пазарните односи“.

Санкциита за руската нафта  на Западот стапија на сила на 5 декември 2022 година.

Европската унија, земјите од Г7 и Австралија воведоа ограничување на цената на руската нафта за поморски транспорт од 60 долари за барел.

Поврзани содржини