50 милиони денари поддршка и за 120 радиодифузери во петтиот пакет мерки

Премиерот рече дека радиодифузерите ќе бидат ослободени од давачката за концесија.15 радиодифузари, исто така, ќе бидат опфатени со посебна мерка ослободување од давачката за МУКС.

292

Вкупно 50 милиони денари поддршка за сите 120 радија и телевизии во земјава кои имаат концесии за емитување програма, се предвидени со петтиот пакет мерки, информира премиерот Зоран Заев при претставувањето на последниот пакет мерки.

Како што рече премиерот, радиодифузерите ќе бидат ослободени од давачката за концесија.15 радиодифузари, исто така, ќе бидат опфатени со посебна мерка ослободување од давачката за МУКС. Меките ќе одат преку АВМУ и АЕК.






– Терестријалниот предавател што го плаќаат околу 100.000 евра петте национални телевизии, вкупната вредност е 33,5 или 35 милиони денари, е сложен, комплексен пакет кој го градиме со заедничко договорање, во разговори со локалните, регионалните, националните медиуми, кабелските телевизии, со Здружението на новинари и асоцијациите на медиумите и на новинарите, за да добијат помош оние кои не добиле помош. Ќе имаме избалансираност. Сите кои ја имаат обврската кон АВМУ, државата да нема директен контакт или исплата на медиумите, ќе си плати на АВМУ, а АВМУ ќе ја замолиме како регулатор и оваа година, како лани, да ги ослободи радиодифузерите – објасни Заев.

Заев рече дека новинарите и медиумите се директно изложени на ризик од корона пандемијата.

-Трпите и директно зашто знаеме дека компаниите кога кратат, прво ги кратат маркетинг трошоците и знам дека е тешко да се преживее целиот овој период. Да оставиме овие денови разговорите да продолжат, верувам дека на тој начин медиумите ќе добијат соодветен приход повеќе зашто локалните и регионалните им плаќаат на кабелските оператори, не на А1 како терестријален додаток. Водевме грижа тоа рамноправно да се однесува на сите – рече Заев

Поврзани содржини