50 ГОДИНИ ОД ПОНУДАТА КОЈА НЕ СЕ ОДБИВА Култниот „Кум“ е втор најдобар филм во историјата на САД

Филмот првично бил одбиен од италијанскиот режисер Серџо Леоне. Дванаесет години подоцна, сепак, тој го сними крими филмот „Беше еднаш во Америка“.

1,149

Во 1972 година режисерот Френсис Форд Копола го сними култниот филм „Кум“ со Марлон Брандо и со Ал Пачино во главните улоги.

Филмот е адаптација на истоимениот роман напишан од Марио Пузо. Приказната на филмот опфаќа период од 10 години (1945-1955) и го следи италијанско-американското семејство Корлеоне.






Филмот е награден со оскари од Американската филмска академија за најдобар филм, најдобар актер и за најдобро адаптирано сценарио, а се чува и во Националниот филмски регистар на САД.

Исто така, филмот е рангиран и како втор најдобар филм во историјата на американската кинематографија, зад „Граѓанинот Кејн“ на листата на Американскиот филмски институт „100 години … 100 филмови (во изданието на 10 годишнината)“ на Американскиот филмски институт. Рангиран е како втор на листата на IMDb, прв на листата на 100 најдобри филмови на „Metacritic“ и меѓу првите 10 на листата на најдобри филмови на сите времиња на сајтот „Rotten Tomatoes“.

Филмот првично бил одбиен од италијанскиот режисер Серџо Леоне. Дванаесет години подоцна, сепак, тој го сними крими филмот „Беше еднаш во Америка“.

Поврзани содржини