5 ПОЖАРНИКАРИ ГО ИЗВЛЕКЛЕ ОД ВОЗИЛОТО Велешанец излетал од патот кај Отовица

Возачот од оштетеното возило бил извлечен со помош и асистенција на пет пожарникари - спасители, информираат од ТППЕ Велес. Во болница му биле констатирани тешки телесни повреди.

133

Во СВР Велес синоќа било пријавено дека околу 19 часот на регионален пат Р1102 во правец од село Отовица кон Велес, патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 71 годишниот  Р.Т. од Велес, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани од болницата во Велес, информираат денеска од СВР Велес.






Возачот од оштетеното возило бил извлечен со помош и асистенција на пет пожарникари – спасители, информираат од ТППЕ Велес.

По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Според портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Билјана Босилкова по извршените прегледи на лекарите специјалисти по хирушки болести и снимки на компјутерски томограф на граден кош и стомак било констатирано дека Р.Т се здобил со тешки телесни повреди и е задржан на болничко лекување во велешката болница.

Воедно најави дека во текот на денот ќе му бидат направени и дополнителни испитувања.

Поврзани содржини