5 ОДГОВОРИ НА ВМРО-ДПМНЕ Кованицата реципроцитет е алиби
ованицата реципроцитет е свесно додадена како алиби за сите попуштања на штета на Македонија. Реципроцетитет е кога едно се дава, за да се добие друго. Тука само Македонија дава, без да добие ништо.
Од ВМРО-ДПМНЕ испратија пет одговори на тезите кои денеска беа лиферувани од власта, а се однесуваат на Протоколот со Бугарија и најавениот референдум.
Прво, лага е дека македонскиот јазик е загарантиран. Денес бугарското МНР јасно кажа дека за нив македонскиот јазик е непризнат. Да потсетиме Бугарија е земја членка на ЕУ.
Второ, кованицата реципроцитет е свесно додадена како алиби за сите попуштања на штета на Македонија. Реципроцетитет е кога едно се дава, за да се добие друго. Тука само Македонија дава, без да добие ништо. Еве јавно да прашаме што бара за возрат на сите отстапувања македонската влада?
Трето, денес потпишаниот протокол потврдува дека се глупости лагите на антимакедонската СДСМдека историските прашања се надвор од процесот. Напротив бугарското МНР потврди дека ќе има промена на историјата и учебниците.
Четврто, нема напредок кон ЕУ без бугаризација. Тоа значи дека Македонија е повторно на магарешката клупа на ЕУ додека Албанија напредува. Му ги разбираме мотивите на Османи, ама не ги оправдуваме, исто како што не го разбираме ниту оправдуваме предавството на антомакедонецот Ковачевски.
Петто, референдумот не значи повлекување од блокадата за уставни измени, како што тоа го викаат печатениците и одработувачите на предавничката СДСМ, туку напротив покрај блокадата на пратениците на уставни измени, преку референдум блокада на целата рамка во кое е вклучено предавството и асимилацијата донесена од антимакедонската влада на СДСМ.
Претходно, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, посочи дека размислува да покрене иницијатива за референдум, со цел да се поништи штетниот Протокол со Бугарија и да се промени рамката со која Македонија ќе треба да преговара со ЕУ.