5 ИМИЊА ВО ТРКАТА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Рокот за пријавување истекува на полноќ

По затворањето на рокот, пријавите одат во Владата, која бара мислење од Советот на јавните обвинители. Советот има 15 дена да достави образложени мислења. Ако нема позитивно мислење за ниту еден кандидат, Владата не смее да утврди предлог и му предлага на Собранието нов оглас. Изборот бара најмалку 61 глас.

6

Пет кандидати досега се пријавиле за нов државен јавен обвинител на Македонија. Огласот, распишан од Собранието, се затвора на полноќ. Листата ја сочинуваат актуелната в.д. обвинителка Анита Тополова Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски и обвинителката Лидија Раичевиќ.

Судијата Савевски и обвинителката Раичевиќ за МИА ја потврдиле кандидатурата. Потврден одговор за медиумите дале и Ристовска и Тополова Исајловска. Панчевски ја доставил пријавата на 21 јануари, со наведени докази дека ги исполнува општите и посебните услови според Законот за јавното обвинителство.






Поранешниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи исто така најави кандидатура, но засега нема потврда за неговото име.

Огласот беше распишан на 12 јануари со рок од 15 дена по објавата во „Службен весник“. Услов за пријавување е непрекинат стаж од најмалку 10 години како јавен обвинител или судија од кривичното право.

По затворањето на рокот, пријавите одат во Владата, која бара мислење од Советот на јавните обвинители. Советот има 15 дена да достави образложени мислења. Ако нема позитивно мислење за ниту еден кандидат, Владата не смее да утврди предлог и му предлага на Собранието нов оглас.

Изборот на државен јавен обвинител во Собранието бара најмалку 61 глас.

По неотповикливата оставка на Љупчо Коцевски во декември, функцијата в.д. ја презеде Тополова Исајловска како единствен кандидат. Законот дозволува ваквиот мандат да трае најмногу 6 месеци.

 

Поврзани содржини