5 ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СЕ ОПСЕДНАТИ СО КРИПТОВАЛУТИ Изненадување е која е на врвот
Целта на истражувањето е да се одредаат земјите во Европа со најмногу месечни пребарувања на криптовалути, како и бројот на луѓе кои учествуваат.
Словенија е „најопседната“ со криптовалути меѓу земјите во Европа, покажа неодамнешното истражување на платформата cryptogambling.tv.
Платформата го анализираше најголемиот број на интернет пребарувања кои вклучуваа низа термини поврзани со крипто, а потоа ги рангираше тие бројки според големината на населението. Целта на истражувањето е да се одредаат земјите во Европа со најмногу месечни пребарувања на криптовалути, како и бројот на луѓе кои учествуваат.
Истражувањето покажува дека вивото на фасцинација и вклученост во светот на криптовалутите варира од земја до земја.
Податоците кои се добиени покажуваат дека европски земји во кои населението редовно користи крипто и тоа се граничи со опсесија се:
1.Словенија
Оваа земја е на врвот со 4.789 пребарувања на крипто на секои 100.000 луѓе, повеќе од која било друга земја во Европа. Оваа земеја е дом на непрофитната Blockchain Alliance Europe, како и давателот на крипто инфраструктура GoCrypto. Забележително е и по бројот на продажни места кои прифаќаат Bitcoin како валута.
2.Луксембург
Иако е мала и претежно рурална земја, се чини дека ја прифати новата урбана технологија. Луксембург, со население од 645.397 луѓе, пријавува просечно 17.000 пребарувања поврзани со крипто месечно. Значи, на секои 100.000 луѓе има вкупно 2.634 пребарувања.
3 Холандија
Извештајот на CryptoGambling.tv покажува дека Холандија, со население од над 17 милиони луѓе, во просек имала 452.000 пребарувања поврзани со крипто месечно, што само по себе е повеќе од бројот на пребарувања во Словенија и Луксембург заедно. Меѓутоа, гледајќи го бројот на пребарувања на криптовалути месечно на 100.000 луѓе, тој регистрира само околу 2.608.Земјата наметна данок на нереализирани добивки од криптовалути.
4.Финска
Во оваа земја има просечно 135.000 пребарувања поврзани со крипто месечно со население од над 5,5 милиони луѓе. Ова значи дека на секои 100.000 луѓе има околу 2.446 пребарувања поврзани со крипто, според Медиум.
5.Турција
Иако криптовалутите сè уште не се признати како законско средство за плаќање, импресивен број Турци ги поседуваат. Извештајот покажува дека земјата со население од над 83 милиони луѓе врши 1,9 милиони пребарувања поврзани со криптовалути месечно. Сепак, на секои 100.000 луѓе има само околу 2.277 крипто-пребарувања.