48-годишниот А.Б. од Неготино, управувајќи мотоцикл со неготински регистарски ознаки, удрил во овци на локален пат помеѓу селата Дрен и Чифлик, во општина Демир Капија.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), во несреќата, А.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општа болница Кавадарци.
По овластување од јавен обвинител, на местото на несреќата извршена е истрага од увидната екипа на ОВР Неготино.