45 СТЕПЕНИ ДО НЕДЕЛА, ПОТОА ОСВЕЖУВАЊЕ Екстремниот бран ќе продолжи и за време на викендот

Освежување на времето и значителен пад на температурите ќе имаме во недела навечер и во текот на ноќта кон понеделник, прогнозира Славчо Попоски.

3,411

Под влијание на екстремно топол бран од југ, односно од Африка, до недела, 27 јули, во Македонија продолжува екстремно топлото време со високи температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 37 до 44/45 степени во Повардарието и во Скопскиот регион.

Повремено ќе засилува ветер претежно од северен, а во западните предели од западен правец.






Повеќе детали од метеопрогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини