40 МИЛИОНИ ЗА УНИВЕРЗИТЕТОТ „МАЈКА ТЕРЕЗА“, 25 ЗА „СКЕНДЕРБЕГ“ Од Вреди порачуваат дека не ветуваат, туку работат

Во преполната сала „Борис Трајковски“ во Скопје, Вреди испрати порака дека нивната политика се темели на реализирани дела, а не на празни ветувања, најавувајќи нови инвестиции и политичка мобилизација на Албанците.

439

Синоќа големата сала „Борис Трајковски“ во Скопје беше претворена во центар на албанското единство, соопштија од политичката партија Вреди. Илјадници граѓани присуствуваа на собирот, а дел останале надвор поради огромниот интерес.

„Срцата на Албанците чукаа толку силно што ниту една сала не можеше да ги собере. Скопје и сите Албанци беа еден глас. Вреди не ветува, Вреди работи“, истакнаа од партијата.






Од таму потсетија на досегашните реализирани проекти – 40 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“, 25 милиони евра за плоштадот „Скендербег“, 80 милиони евра за албанските општини, како и стотици спроведени инфраструктурни инвестиции. Дополнително, речиси 240 милиони евра се планирани до 2028 година.

„Вреди не е список на ветувања, туку инвентар на дела. Владееме одговорно, работиме посветено и ја одржуваме довербата на народот“, велат од партијата.

Според Вреди, досега 2.300 Албанци се вработени во институциите, а 700 се унапредени, што, како што нагласуваат, е доказ за „правична и соодветна застапеност“.

Партијата повика на масовна поддршка на изборите на 19 октомври.

„Сега е време Албанците повторно да ја земат судбината во свои раце. Како што го ослободивме Тетово од угнетување во 2021 година и соборивме неправда од централната власт во 2024 година, така ќе ги ослободиме Струга, Дебар, Кичево, Гостивар, Скопје и Липково“, велат од Вреди.

Поврзани содржини