40 крави избегале од кланица и урлале по улиците на Калифорнија (ВИДЕО)
Kравите со часови го блокирале сообраќајот и уништувале сè пред себе, а една морало да биде убиена од полицајците затоа што нападнала четиричлено семејство.
Стадо од 40 крави избегале од кланица и залутале во предградието Пико Ривера во Калифорнија, пренесува СиБиЕс. Погледнете како кравите со часови го блокирале сообраќајот и уништувале сè пред себе, а една морало да биде убиена од полицајците затоа што нападнала четиричлено семејство:
Повеќе од 50 полицајци и пожарникари се бореле со кравите, а биле испратени и полицајци на коњи од страна на локалниот шериф.
Една од кравите сè уште е во бегство, јавуваат од полицијата.