40.000 ТОНИ РУСКИ ДИЗЕЛ ПАТУВААТ КОН САД Договорот меѓу Трамп и Путин почна да се реализира

Првата пратка руски дизел за САД треба да биде испратена утре со танкер со капацитет од 40.000 тони. Договорот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин предизвика критики од Украина, Европската Унија и дел од американските републиканци.

56

Русија утре треба да ја испрати првата пратка дизел во САД, врз основа на спорниот договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот вицепремиер Александар Новак денеска изјави дека танкерот ќе има капацитет од 40.000 тони, објавија руските медиуми.






Новак не ја исклучи можноста за извоз на дизел и во други земји, но посочи дека тоа ќе зависи од капацитетите на руските рафинерии во наредните месеци.

На почетокот на октомври, Трамп и Путин се договорија за продолжување на испораките на руски дизел во САД. Вашингтон привремено ги суспендираше постојните санкции против Русија за да ги овозможи пратките.

Договорот предизвика остри критики од Украина, Европската Унија, па дури и од некои републикански членови на Конгресот на САД, додека Москва го поздрави.

Руските рафинерии за нафта често се мета на украински беспилотни летала со долг дострел. Штетите предизвикани од нападите и поправките на постројките го ограничуваат производствениот капацитет на земјата. Како одговор, Москва воведе забрана за извоз на бензин и дизел.

Трамп ги критикуваше украинските напади, обвинувајќи го Киев дека придонесува за зголемувањето на цените на горивата во пресрет на ноемвриските избори за Конгресот на САД, на кои се очекува републиканците да остварат послаб резултат.

Киев, пак, тврди дека нафтените постројки се легитимни воени цели бидејќи обезбедуваат гориво и финансиски средства за руската воена операција во Украина.

Поврзани содржини