4-ГОДИШНИ БЛИЗНАЧКИ НАЈДЕНИ МРТВИ ВО ДРВЕНА КУТИЈА ЗА ИГРАЧКИ Сѐ уште не се знае дали е несреќа или злосторство

Се надевам дека веднаш ќе уништите ваква кутија доколку ја имате дома. Секогаш внимавав децата да не се заклучат внатре, но за жал кутијата е херметички затворена и да не е заклучена - напиша мајката на близначките.

999

Две 4-годишни сестри близначки биле пронајдени мртви во кутија за играчки во семејниот дом во Џексонвил, Флорида. Нивната мајка Сејди Мајерс на Фејсбук напишала дека близначките Аурора и Келан се разбудиле во текот на ноќта и станале да си играат, а потоа заспале во кутијата, пренесува NBC.

„Кога заспале, една од нив сигурно се мрднала или удрила во кутијата и тоа предизвикало затворање на капакот на оваа стара кутија од кедрово дрво. Полека им снема кислород за неколку часа и умреа “ – напиша Мајерс на Фејсбук.






Мајерс рече дека следното утро таа, нејзиниот сопруг и нивните две најстари деца сфатиле дека близначките не се во нивните кревети и тогаш нивниот постар брат ги нашол во дрвената кутија.

„Знаев дека нешто не е во ред, но исто така брзо сфатив дека е предоцна.За мене нема смисла и никогаш нема…Се надевам дека оваа наша трагедија е поука на некој начин и се надевам дека веднаш ќе уништите ваква кутија доколку ја имате дома. Секогаш внимавав децата да не се заклучат внатре, но за жал кутијата е херметички затворена и да не е заклучена“ – опишала неутешната мајка.

Претставник на полицијата во Џексонвил изјави дека децата биле во несвест кога полицијата и брзата помош пристигнале на местото на настанот.

-Во овој момент не знаеме дали ова е несреќа или злосторство – изјави полицискиот поручник за Ен-Би-Си.

Поврзани содржини