4 ДЕНАРЧИЊА ПО 4 ДЕНАРЧИЊА – СЕ КАЛАПАТ! Апасиев му се заблагодари на премиерот за макароните
„Фала Таче за макарониве! Четири денарчиња, по четири денарчиња - се калапат. Остај ти воа хејтериве шо викаат. На народ не му се погодуе никако! Арно знаеш ти. Туку, наредно, и ЈАЈЦАВА да ги замрзнете“, напиша Апасиев на Фејсбук.
Лидерот на политичката партија Левица, вечерва објави зајадлив статус на социјалната мрежа Фејсбук преку кој му се заблагодарува на премиерот Димитар Ковачевски за замрзнувањето на цената на тестенините.
„Фала Таче за макарониве! Четири денарчиња, по четири денарчиња – се калапат. Остај ти воа хејтериве шо викаат. На народ не му се погодуе никако! Арно знаеш ти. Туку, наредно, и ЈАЈЦАВА да ги замрзнете“, напиша Апасиев на Фејсбук.
Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, денеска, беа во обиколка на еден од маркетите во Скопје, со цел да се види состојбата со продажбата на тестенините и млечните производи.