4.821 ПРЕКРШОК ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ, НАД 16.000 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ Полицијата имаше полни раце работа во октомври

Од лицата уапсени за безобѕирно возење, 94 возачи возеле под дејство на алкохол, четворица под дејство на дрога, 15 лица возеле со брзина поголема од дозволената во населено место, а 8 надвор од населено место, јави Министерството за внатрешни работи.

125

Вкупно 121 лице било лишено од слобода во октомври за безобѕирно управување на возило, покажува билансот од редовните полициски контроли, додека вкупно 4.821 прекршок бил евидентиран за брзо возење.

Од лицата уапсени за безобѕирно возење, 94 возачи возеле под дејство на алкохол, четворица под дејство на дрога, 15 лица возеле со брзина поголема од дозволената во населено место, а 8 надвор од населено место, јави Министерството за внатрешни работи.






Меѓутоа, бројките не запираат тука. Во истиот месец биле изречени 16.801 платен налог. Притоа, евидентирани се 4.165 прекршоци за неправилно паркирање и 1.888 мерки за возење без возачка дозвола.

Од друга страна, полицијата санкционирала 111 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 232 пешаци и 63 возачи на електрични тротинети. Казнети биле и 942 лица кои не користеле сигурносен појас. Според Законот за возила, 480 нерегистрирани и 176 технички неисправни возила биле отстранети од сообраќај.

Санкционирани се и 145 возачи со неправилно затемнети стакла, како и едно лице кое неовластено користело уред за светлосни и звучни сигнали.

Од Министерството нагласуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат со исто темпо и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и пропишаните мерки за побезбедни патишта.

Поврзани содржини