35 рамковни административци се распределени во пазарна инспекција, а 14 во трудова
Магдалена Грашковска Филиповска претседателска на Инспекцискиот совет рече дека очекува задолжените институции да ги одобрат годишните планови за вработување во сите инспекциски служби за 2021 година.
Согласно заклучокот од вчерашната седница на Владата за одобрување на годишните планови за вработување сите инспекциски служби ќе се зајакнат, изјави Магдалена Грашковска Филиповска претседателска на Инспекцискиот совет на денешната прес-конференција на која ги презентира резултатите од активностите на инспекторатите во последната недела на јануари..
Таа очкува задолжените институции да ги одобрат годишните планови за вработување во сите инспекциски служби за 2021 година.
Во врска со рамковните вработувања претседателката на Инспекцискиот совет рече дека од информациите што ги има сѐ уште не се распределени лицата и не се почнати со работа, бидејќи за тоа е потребно да се спроведе целосна постапка за преземањето, како и дека дел од лицата имаат соодветно образование за да можат да бидат инспектори, а дел со образование да бидат распределени на административни места.
За распределените лица по тој основ рече дека ја нема точната бројка, но посочи дека во пазарна инспекција се 35, а во трудова 14 лица.
Грашковска – Филиповска информира дека Инспекторатите во последната недела од јануари направиле 4959 контроли.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат од 25 до 31 јануари годинава извршил 131 надзор и донел 15 решенија за неправилности. Како што образложи директорката на овој инспекторат Ирина Сотирова Бухова, решенијата се издадени во однос на одредени отстапување за користење на лична заштита, што не значи дека сите се во јавни и приватни завствени установи, туку и во и установи што се во ингеренции на контрола на ДСЗИ.
Овој Инспекторат од 25 до 31 јануари издал и 4373 решенија за изолација и самоизолацијаа, со што, како што посочи Грашковска-Филиповска, продолжува трендот на намалување на издадените решенија
Државниот пазарен инспекторат, пак, спровел 3571 контрола и 757 надзори поврзани со Законот за заштита на наелението и заразни болести и проколите за работа на угостителските објекти, но и други закони. Притоа се изречени 23 прекршочни пријави, 14 решенија за неправилности и 63 прекршочни платни налози.
Од вкупниот број решенија пет се за непочитување на протоколот за работа на угостителски објекти и тоа од два во Охрид, и по еден угостителски објект во Госитвар, Тетово и Битола. На сите им е изречена забрана за вршење дејност и соодветно ќе се изрекуваат и платни налози. Не се почитувало работното време и мерката по четири лица на една маса.
Во контролите на Инспекторатот за транспорт е констатирано во девет случаи непочитување на материјални закони и во три непочитување на протоколот за меѓународен сообраќај на ГП „Табановце“.
Инспекторатот за труд за една недела во која се спроведени 367 контроли, донесе 10 решенија и пет прекршочни платни налози. Од 10-те решенија за неправилности едно е за непочитување протокол за превентивни мерки за сите работни места, а пет се за вработени лица кои не носеле заштитна маска на работното место.
Агенцијата за лекови не констатирала неправилности во извршените 14 надзори, Агенцијата за храна и ветеринарство спровела 390 надзори и изрекла 14 решенија, 31 едукација и еден прекршочен платен налог, додека Државниот инспекторат за животна средина изврши 50 надзори и констатира осум неправилности во областа на животната средина и донесени се шест решенија од кои пет се по Закон за води, а три од Законот за животна средина.
Филиповска Грашковска најави дека инспекциските служби ќе продолжат и во наредниот период со контроли на терен и неселективно да постапуваат и казнуваат.
Одговарајќи на новинарско прашање за преземање невработени по Рамковен договор во инспекторатите, рече дека од информациите што ги има сѐ уште не се распределени лицата и не се почнати со работа, бидејќи за тоа е потребно да се спроведе целосна постапка за преземањето, како и дека дел од лицата имаат соодветно образование за да можат да бидат инспектори, а дел со образование да бидат распределени на административни места.
За распределените лица по тој основ рече дека ја нема точната бројка, но посочи дека во пазарна инспекција се 35, а во трудова 14 лица.