35 починати, најмладиот има 34 години, новозаразени се 890

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.001, бројката на оздравени пациенти е 120.707, на починати е 4.357, а бројот на активни случаи изнесува 19.937, информираат од Министерството за здравство.

1,438

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.284 тестирања, а регистрирани се 890 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 349, Битола – 68, Куманово – 59, Прилеп – 52, Тетово – 36, Струмица – 35, Велес – 32, Охрид – 29, Кавадарци – 27, Штип – 25, Кочани – 24, Кичево – 20, Гостивар – 19, Виница – 15, Гевгелија – 14, Неготино и Валандово – по 11, Струга, Свети Николе и Радовиш – по 9, Пробиштип – 7, Крива Паланка – 6, Ресен и Берово – по 4, Делчево и Демир Хисар – по 3, Богданци, Демир Капија и Кратово – по 2, Крушево, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.

„Регистрирани се 1.024 оздравени пациенти од: Скопје – 464, Битола – 74, Куманово – 65, Прилеп – 60, Кавадарци – 51, Велес – 40, Гостивар – 27, Штип – 26, Тетово – 25, Струмица и Гевгелија – по 21, Берово –16, Кочани – 15, Кичево, Неготино и Валандово – по 13, Радовиш – 12, Ресен – 9, Свети Николе – 8, Крива Паланка – 7, Виница и Богданци – по 6, Македонски Брод и Дебар – по 5, Пробиштип, Демир Капија, Крушево и Делчево – по 4, Пехчево – 3, Кратово – 2, Дојран – 1. Пријавени се вкупно 35 починати лица: 7 од Скопје (35, 39 , 61, 69, 73, 80 ,84), 6 лица од Куманово (65, 70, 73, 74, 76 и 87), по 3 починати лица од Прилеп ( 71, 72 и 77) и Битола (64, 65 и 74), по 2 лица од Кавадарци (75 и 76), Велес (53 и 79), Штип (67, 69), Струмица(54 и 84), Крива Паланка (71 и 72) и Струга (62 и 72), по едно лице од Гостивар (77), Кочани (34), Кичево (57) и Охрид (77). Од починатите пациенти, сите се починати во болнички услови“, наведено е во соопштението.






Таму е посочено дека направени се 3.284 тестови преку: ИЈЗ-534, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-11, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-14, Институт за микробиологија–84, МАНУ-121, Жан Митрев (Филип Втори)-153, Авицена-256, Биотек-243, Систина-198, лабораторија Лаор-152, Синлаб – 51, Ремедика-54, Плодност – 64, Генеа – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.174.

„Досега во земјата се направени вкупно 681.272 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.001, бројката на оздравени пациенти е 120.707, на починати е 4.357, а бројот на активни случаи изнесува 19.937“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини