34 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА И САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА Пат поплочен со предизвици и искушенија

Под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на независноста - 8 Септември. Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје, на која ќе се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

104

Денеска Македонија одбележува 34 години од својата незавинсност сувереност и самостојност.

Што се случи на вој ден






Пред 34 години на денешен ден, над 95% од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а 2 дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија.

Важни чекори за утврдување на државноста беа усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година, монетарното осамостојување и  воведувањето на денарот на 26 април 1992, формирањето на сопствени вооружение сили. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците од страна на Грција, која не го прифаќаше уставното име на Република Македонија, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна Југословенска Република Македонија.

Пат со предизвици и искушенија

Низ 33-годишното самостојно опстојување, државата помина низ низа проблеми и тешкотии. Трицифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат.

Спорот со Грција поради името, по долгогодишни разговори под покровителство на Обединетите нации, конечно беше решен на 17 јуни 2018 година во Преспа со попишување договор меѓу двете држави. Со тоа се отвори патот на земјава кон НАТО и ЕУ. На 27 март 2020 година Северна Македонија стана 30 членка на НАТО. Како земја кандидат за членство во ЕУ веќе 18 години, со добиена прва препорака за почеток на преговори во 2009 година, државава сега се соочува со блокада од Бугарија.

Одбележување на денот

Под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на независноста – 8 Септември. Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје, на која ќе се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

По повод одбележувањето, собраниска делегација предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, составена од пратениците Сергеј Попов и Славјанка Петровска, ќе положи цвеќе во вечното почивалиште на првиот претседател на Републиката, Киро Глигоров, вечното почивалиште на поранешниот претседател на Републиката, Борис Трајковски и вечното почивалиште на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев.

Признанија за истакнати спротисти

Активностите стартуваа синоќа со почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје.

На свеченост во Собранието во петокот беше доделена годишната награда за животно део „* Септември“ на македонскиот одбојкар, тренер и универзитетски професор Јошко Миленковски.

Покрај Миленковски, признанија за остварувања во областа на спортот им беа врачени и на Хамид Бакија, Зоран Николовски, Виктор Тевчев и Кирил Манев.

Претседателот на Собранието Африм Гаши на приемот што го организираше во Законодавниот дом по повод Денот на независноста, упати порака за единство, сплотеност и визија за иднината на Северна Македонија. Во своето обраќање, Гаши ја нагласи важноста на суштинската сплотеност меѓу граѓаните, почитување на различностите и градење на заедничка иднина без поделби.

– Главната порака што сакам да ја упатам на оваа годишнина од независноста е сплотеноста. Ние, како млада држава, имаме потреба од многу нешта, но мислам дека пред сè и најмногу ни е потребна сплотеноста. Не униформна и погодна, туку суштинска сплотеност. Таа што ги почитува разликите и истите ги претвора во богатство, а не во поделба. Секој од нас треба да почувствува одговорност да не поттикнува поделби, туку да гради мостови, да не ја користи разликата како ѕид, туку како прозорец преку кој се гледаме поблиску еден со друг – рече Гаши.

Претседателот на Собранието нагласи дека по 34 години државност „време е Северна Македонија да се издигне на нивото што го заслужува“.

Честитки по повод празникот

По повод празникот, честитки до граѓаните упатија клучни политички фигури. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова потсети деа 34 години потоа, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, европска, правна држава, членка на Европската Унија“.

„Изминативе три децении се соочивме со бројни внатрешни поделби и кризи, со надворешни притисоци и предизвици, со отстапки и компромиси неусогласени со  референдумската одлука од 1991 година, па и со меѓународното и национално право. Политиката, за жал, нè учи дека неправдите не се отстрануваат со потег на перото, туку со макотрпна домашна и меѓународна борба, со правни аргументи и внимателни политички активности, со макотрпно градење пријателски сојузи, а не со непромислени и избрзани акти, со внатрешно единство, а не со поделби, со самопочит, но и со меѓусебна почит.  Патот кон правото и правдата води преку европеизирана држава, втемелена на копенхагенски критериуми, преку демократска власт, ограничена со систем на ефикасни спреги и кочници, преку компетитивна и просперитетна економија, преку партиципативна политичка култура, преку силно граѓанско општество и слободни медиуми“, напиша Сињановска во честитката.

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во својата честитка повика со гордост да се потсетиме на историскиот чин пред 33 години и да ја чуваме и развиваме татковината за идните генерации.

„Денот на независноста е симбол на нашата одлучност самостојно да ја градиме својата иднина“, напиша тој. Мисајловски потенцираше дека Армијата е еден од најсилните столбови на државата, гарантирајќи ја безбедноста и територијалниот интегритет и претставувајќи пример за дисциплина, чест и љубов кон татковината. Тој нагласи дека денес Армијата е модерна и рамноправна членка на НАТО, симбол на независноста како секојдневна одговорност.

Претседателот на Уставниот суд  Дарко Костадиновски, исто така испрати честитка до граѓаните. Тој нагласи дека 8 Септември 1991 година е ден кога „граѓаните запишаа историја на која треба да сме горди“. Костадиновски подвлече дека овој датум ги задолжува сегашните и идните генерации да ја сакаат и градат татковината со решителност и одговорност.

„Денес вистинската љубов кон татковината значи да се гради правната држава. Врвен патриотизам претставува вистинската посветеност на владеењето на правото“, напиша тој, во честитката.

Леститики поо повод празникот упатија и партиите.

 

Поврзани содржини